Пониква

alt

Пониква се наоѓа на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Како еден од 34-те македонски зимски туристички центри, Пониква е едно од најпосетените места во Осоговијата.

Урбаниот простор на спортско-рекреативниот центар опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи, авто-кампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата и неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

alt   alt

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на Пониква. Покрај веќе изградените спортски терени, во план е изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Како посебна туристичка атракција за љубителите на ловот, во непосредна близина на Пониква се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијалното ловиште - резерват, покрај сместување, на посетителите им нуди можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи.

alt