Кањон Матка
alt

На живописниот клисурест простор околу Матка посебно внимание заслужуваат десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.

Езерото Матка е настанато како резултат на вештачката акумулација на реката Треска. Тоа е најстарото вештачко езеро во Македонија, чијашто акумулација е изградена во 1938 година. Водата од Езерото се користи за добивање електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината. Езерото е порибено и често се користи за спортски риболов.

alt   alt

Во кањонот постојат и неколку цркви од кои најзначајна е црквата Св. Андреjа. Тој е еден од ретките манастири во кој се зачувани повеќето натписи од времето на подигнувањето и живописувањето на црквата, значајни за нејзината историја.