МАКЕДОНИЈА


Т У Р И С Т И Ч К И   Б И С Е Р



ИЛУСТРИРАНА МОНОГРАФИЈА


НА 600 СТРАНИЦИ СО НАД 350 МЕСТА ЗА ПОСЕТА И НАД 1.700 ФОТОГРАФИИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА е земја со долга и богата историја, позиционирана во централниот дел на Балканскиот Полуостров, што ја прави да биде мост кој низ векови ги спојува Западот и Истокот. Со право се вели дека Македонија е срцето на Балканот.

    

БУРНИТЕ ИСТОРИСКИ СЛУЧУВАЊА на оваа територија во праисторијата, антиката, римскиот период средниот и новиот век, оставиле огромно наследство во материјалната и духовната култура на Македонија.

    

РАЗВОЈОТ НА ЦИВИЛИЗАЦИИТЕ и интеркултурната комуникација оставиле неизбришливи траги: културно-историски споменици, етнографски вредности, градски населби, музеи, галерии, разни манифестациски и туристички вредности.

    

ТЕРИТОРИЈАТА НА Република Македонија изобилува и со природна убавина изразена преку бројни геоморфолошки форми - планини, котлини, полиња, долини, клисури, пештери, како и неколку хидрографски форми - извори, реки, водопади, езера и вештачки акумулации.

    

РАЗНОВИДНАТА УБАВИНА на македонските езера, високите планини, оригиналната музика и фолклорот создадоа мошне интересен и уникатен туристички простор поволен за транзитен туризам.