ILLUSTRATED MONOGRAPHY
ON 400 PAGES WITH OVER 700 PHOTOS
ИДЕЈАТА на овој проект е да ги афирмира природните убавини и реткости на Македонија, нејзините културно-историски споменици и знаменитости, народните обичаи, туроператорите и хотелиерите.
ЦЕЛТА е поддршка и проекција на туризмот во нашата земја со сите свои ресурси, со што ќе придонесеме за забрзување на развојот на туризмот, кој ќе биде ставен во функција на комерцијалното туристичко стопанство: хотелите, мотелите, рестораните, камповите туристичките агенции, транспортот, ПТТ-сообраќајот, трговијата и производството.
ДИСТРИБУЦИЈАТА на монографијата ќе се реализира преку дипломатско-конзуларните претстваништва акредитирани во Република Македонија, Стопанската комора за туризам на Република Македонија, Министерството за економија - Сектор за туризам, преку домашни и странски туроператори и други субјекти и форми.
ОБЈАВУВАМЕ дел од содржините на печатеното издание на монографијата за туристичките потенцијали на Македонија, односно нејзините природни и културно-историски знаменитости.
|
|